Од денес повеќе ништо нема да биде исто: На овие хороскопски знаци драстично ќе им се смени животот

|

Ја испраќаме зимата под сјајот на полната месечина во Девица на 18 март и време е да се ослободите од сè што не ви треба во животот. Годинешната полна месечина ќе се случи само три дена пред пролетната рамноденица, па астролозите тврдат дека ова е совршен период за откажување од лошите и стекнување добри навики.

Еве кои 3 хороскопски знаци можат да привлечат среќа од 18 март:

Скорпија

На Скорпиите, оваа полна месечина ќе им донесе светлина во куќата на пријателството и друштвото. Имате силен дух на заедништво и тоа ве инспирира да растете, да се чувствувате добро. Последниве неколку месеци, во вашиот живот влегле многу нови луѓе и можности – што научивте од нив? Дали можете да растете од тие основи?

Време е да им се посветите на работите поради кои се чувствувате инспирирано и кои создаваат круг на добри дела. Ова е совршено време да излезете од вашиот оклоп и удобна зона. Направете нешто вредно за целата заедница, како што е волонтирање во засолништа за животни, помагање на загрозени лица, поддршка на стари лица, еколошки акции и слично.

Стрелец

Во овој период, време е да се вратите наназад и да ги средите своите мисли, дела и постапки. Особено поволно е да се фокусирате на професионалниот живот. Уживајте во плодовите од вашата работа.

Оваа полна месечина позитивна влијае врз вашата куќа на кариера и имиџ во јавноста. Оваа месечева фаза нека ви биде зелено светло да се опуштите и да му се посветите на личниот развој. Вашата напорна работа ќе ви се исплати. Бидете горди на себе!

Јарец

Силната енергија на полната месечина во земјената Девица ќе ви донесе период на одмор. Месечината е во вашата куќа на филозофијата и тоа ќе ви помогне да ги истражите вашите таленти и вештини. Одвојте малку време да ѝ се препуштите на вашата омилена креативна активност, рутина, хобија…

Опозицијата на Нептун и месечината ви дава поттик во љубовта, кој ќе ви помогне да се поврзете со вашето внатрешно „јас“. Со самото тоа, може да добиете некои нови увиди, перспективи и идеи, но и подобро да се поврзете со луѓето од вашето опкружување.