|
На 18.03.2022 во 06.15 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Б.(48) од Скопје.
По претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје е извршен претрес во неговиот дом, каде се пронајдени предмети поврзани со десет кривични дела „Кражба“ казниви по чл.235 од Кривичниот законик на подрачјето на Центар и Бит Пазар, при што за дел од кривичните дела е извршено и препознавање од страна на оштетените.
На Џ.Б. од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.