Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи штетен елемент цезиум 137

|

Во последните неколку дена во Франција не можеше да се пропушти жолтеникавото небо и честичките оставени на автомобилите. Поврзани со песочната бура која ја зафати Сахара, тие содржеле, меѓу другото, цезиум 137, радиоа ктивен елемент, остаток од француските ну* леарни и атом ски проби во Сахара, јави дописникот на МИА.

Минатата година, песочната бура што доаѓа од Сахара го обои небото на Франција со жолта, дури и портокалова нијанса. Овој вторник, 15 март 2022 година, Сахара повторно го направи тоа и честичките прашина останаа во суспензија неколку дена во атмосферата, таложејќи се на автомобили, на улици, покриви, во планините… Но, овој песок содржи елементи кои се штетни за здравјето, а особено цезиум 137, елемент кој се смета за радио активен.

Облакот од песок овој пат остана многу подолго од вообичаено над Франција, од вторникот до петокот. Евакуиран оттогаш од ветровите, носејќи сино небо над поголемиот дел од земјата, песокот сепак остави свој белег. Особено на автомобилите, препорачливо е брзо чистење за да се спречи честичките да станат корозивни и да ја оштетат бојата или другите метални делови. Но, тие можеше да влијаат и на здравјето.

Покрај загадувањето на воздухот што го предизвикува оваа прашина, таа враќа и ви* уси и ситни честички кои не се препорачуваат за здравјето, особено тешки метали, пестициди или полен. Во краткорочните ефекти, студиите забележаа зголемен ризик од кардиоваскуларна см*т ност поради респираторни проблеми, како и астма кај децата, што може да се ублажи во последните две години со носење маска која стана вообичаена.

Но, Здружението за контрола на радио активноста на Запад, исто така, забележа дека прашината од песок содржи цезиум 137, радиоа ктивен агенс што доаѓа од нук леарните тестови спроведени од Франција во Алжир во 1960-тите годиним со што трајно го контаминирале регионот. Специјалистите за радиоа ктивност не се загрижени за последиците во Франција, но времетраењето на настанот донесе повеќе радиоак тивност од претходната година.

Климатските промени ја зачестуваат оваа појава, и според научниците таа ќе се интензивира во годините што доаѓаат.