Лепа Брена криеше голема тајна од јавноста, а сега е откриена.
„Големата мајка“ на естрадата секако беше кантавторката и текстописец Марина Туцаковиќ, која на многу познати личности им направи „лична карта“ со која и се претставија на публиката и се вивнаа во поп небото. Марина беше исклучително сакана и ценета меѓу нејзините пријатели, на многумина им помогна да направат извонредни кариери.
Меѓу другите со кои соработуваше, своевремено на нејзината листа се најде и пејачката Лепа Брена. Иако не се појавуваа многу заедно во јавноста, познато е дека Туцаковиќ и напиша на Брена многу хитови кои и денес се барани на забави.
Познато е дека Марина инспирацијата ја наоѓала во работите кои ја опуштаат, а меѓу другото една од активностите и била зимницата. Додека правела залихи за зимата, Марина најчесто доаѓала со инспирација, која ја искористела за данаправи хит. Но зад песните на Брена има уште нешто.
– Марина сакаше да пишува песни, инспирација и доаѓаше додека се подготвуваше зимница, а хитот на Брена дојде сосема случајно. Пееше нешто, како и обично, а потоа ја здогледа мачката Циле, па така настана текстот. Мислам, жената беше навистина генијалец, наоѓаше инспирација во се, беше толку пред време, што ги поместуваше сите граници со своите текстови – открил извор.