Ако мака мачите со проветрување на просторот во овие ладни денови затоа што е загадено или студено за да отворите прозор, а мирисите од пржење или печење на храна или било какви други непријатни мириси не се ветреат сами по себе, имаме спасоносно решение!
И не – не мислиме на скапи освежувачи на просторот кои често и самите имаат необичен и премногу јака арома, или на мирисни кесички кои воглавно немаат доволно ефикасна улога, туку на нешто далеку поевтино и поприродно.
Имено, во борбата со непријатните мириси во вашиот дом најдобар сојузник ви е сладок зачин кој сосема сигурно веќе го имате во кујната. Се работи за циметот!
Ако сакате станот да го исполните со фини мириси, послужете се со едноставен трик кој сосема сигурно делува. На ринглата од шпоретот поставете ѓезве или сад со вода, па додадете едно или две стапчиња цимет и полека варете ги.
Прекрасниот препознатлив мирис на цимет ќе ги исполни сите простории во домот.