Можни нови познанства за близнаците, јарците прилично расположени за љубов – Дневен Хороскоп (21.03.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Лошо се чувствувате бидејќи некој ја омаловажува вашата работа. Ќе бидете исклучително активни на сите полиња, но внимавајте, можно е да потфрлите. Љубовта како да ви е во втор план, иако вие сте во центар на вниманието.

Бик (21.04 – 21.05)

Максимално сте професионални, но деловната околина ќе ви ја одзема енергијата. Ќе имате доволно време за љубов, и можно е доколку сте млади, таа да ви биде на првото место.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Нервозни сте и помалку срамежливи. Би требало максимално да се чувате од избрзани одлуки, зборови изговорени во афект или претерано самосожалување. Потпрете се на помошта од пријателите. Можно е ново познанство.

Рак (22.06 – 22.07)

Атмосферата на работа многу ве оптеретува. Ви сте како затегнато јаже и околината е свесна за вашата напнатост. Можно е да најдете партнер во некој друг град. Избегнувајте масни јадења.

Лав (23.07 – 22.08)

Сатисфакција ви е трудот кој го вложувате, а претпоставените ќе знаат да ги ценат вашите напори – можен е некаков вид на награда или унапредување. Бидете внимателни во комуникацијата со партнерот, можни се провокации.

Девица (23.08 – 22.09)

Не е добар моментот за донесување на некои важни одлуки. Некој тактизира и го користи вашето трпение и добронамерноста. Во љубовта многу барате, и можеби токму од некој Бик од кој залудно очекувате внимание.

Вага (23.09 – 22.10)

Чувајте се од можни грешки и измами доколку ве очекува потпишување на некои договори или важни документи. Ве очекува возбудлива романса со едно лице кое долго се двоумеше во врска со вас, што во прилична мера ве иритираше. Можна е повреда.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата одговорност преминува во перфекционизам. Постои опасност да прифатите некоја работа која може прилично да ве исцрпи. Партнерот ви е малку посесивен и ви создава незгоди.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Конечно пристигнува добра и позитивна вест за вас. Стекнувате впечаток дека шефот намерно ви дава комплицирани работи. Ако некој ви се допаѓа веќе подолго време, препуштете им се на емоциите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви се овозможуваат одлични деловни шанси кои би требало максимално да ги искористите. Додека другите се занимаваат со практични проблеми, вие сте прилично расположени за љубов. Малку сте депресивни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој е љубоморен на вашиот успех и сака да ве доведе во неприлика. Прилично сте расеани бидејќи сте оптеретени со размислувања за некој кој најверојатно не ви е достоен, а не сте во состојба да се ослободите од него.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе доживеете одличен деловен пресврт. Бидете внимателни во односот со деловната околина, може да ви направат нешто лошо во обидот да ви се најдат при рака. Љубовниот живот поради работата ви е во втор план.