Владата го повлече Законот за матична евиденција од собраниска процедура

|

Владата на Република Северна Македонија на денешната 32 седница донесе одлука да го повлече предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска покрената иницијатива за измени и дополнувања.

Оваа одлука е донесена поради доусогласување со Закон за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем.

Од друга страна, законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истиот е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој што е донесен во 2020 година.

Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и ум рени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност.

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници.

Основната цел на предложеното законско решение е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.