„Одам во финале со двајца кандидати“ Марија Шерифовиќ искрено за финалето на „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Марија Шерифовиќ во својата нова улога одговараше на прашањата на своите придружници и по тој повод проговори за љубовта, но и за „Ѕвездите на Гранд“, каде е една од членовите на жирито.

Едно од прашањата за Марија беше дали моментално има љубов во нејзиниот живот, на што таа даде тажен израз на лицето и со тоа стави до знаење дека ништо не се случува на тоа поле.

– Што те држи толку цврсто на земја? – беше следното прашање, а пејачката без двоумење даде искрен одговор.

– Тоа се луѓе кои се во моето опкружување, пред се моето семејство и моите пријатели  – одговори пејачката.

Нејзините следбеници се интересираа и што се случува во „Ѕвездите на Гранд“, како и дали има некој фаворит оваа сезона.

– Не можам да кажам дека имам фаворити, но имам мислење како некои кандидати се однесуваат, колку напредуваат и колку учат, а во моментов има само двајца кандидати – рече Марија, додека на прашањето колку од нејзините кандидати таа гарантира дека ќе стигне до финалето, одговори:

– Мислам дека во финалето одам со двајца кандидати, што е поинаква статистика од претходните сезони кога имав четворица кандидати во финалето.

Сепак, таа ги замоли своите обожаватели да не и го поставуваат  прашањето дали нејзиниот кандидат ќе победи.

-Толку пати ме прашавте и спомнавте во последната година што ве замолувам да не ме прашувате и да не ме притискате. Ако има кандидат кој заслужува да победи и кој е најдобар во тој момент, тоа најдобро ќе го решите, како што сте правеле досега, не се сомневам во вас – заклучила пејачката.