Се појави првата фотографија од синот Јована и Жељко Јоксимовиќ.
Водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг, пејачот Жељко Јоксимовиќ, станаа родители на момчето Коста во 2014 година, а тој и неговите ќерки Срна и Ана јавно не се експонираат.
Коста израсна во вредно и посветено момче, а неговите родители не кријат колку се горди на него.
– Училиштето во кое оди е избрано затоа што ги учи децата да работат, да бидат одговорни, сами да ги решаваат сите задачи. Затоа, нашето учество во неговото учење е повеќе на ниво на игра, преку која, повторно, тој дополнително го развива сето она што го учи на училиште. Засега сум повеќе од задоволен. Тој е вредно момче – изјави Јована.
Иако фотографиите со деца се ретки, Јована неодамна сподели фотографија со синот и Жељко, а како што се наведува, Коста личи на татко му, а желбата за работа, учење и усовршување ја наследил од мајка си.