Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло за разлика од изминатите денови. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, за време на викендот со појава на мала до умерена локална облачност.
До петок и тоа особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.