На денешната средба на Комисијата за заразни болести беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутираше во насока на интензивирање на кампањата за им*низација против болеста, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините, велат од Комисијата.
-Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека болеста е присутна, а им*низацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и см* тен исход.
Комисијата за заразни болести, во согласност со епиде*иолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлага постепено релаксирање на мерките, истакнаа од таму.