На денешната средба на Комисијата за заразни болести била разгледана актуелната епид*миолошка состојба и се дискутирало, како што информираат од таму, во насока на интензивирање на кампањата за имунизација, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на дозите.
„Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека болеста е присутна, а имунизацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и несакан исход“, велат од комисијата.
Додаваат дека во согласност со епидем*олошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжат внимателно да ја следат актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлагаат постепено релаксирање на мерките.