Сезона на Овните: Време е за нови почетоци

|

Како кардинален огнен знак, познат по својата иницијативност, Овните го означуваат почетокот на нов астролошки циклус.

Така, доколку се чувствувавте како да имавте лош или чуден почеток на 2022 година, тогаш сезоната на Овните е ваша шанса да почнете од почеток. Овните се динамични личности кои се ориентирани кон резултатите, а се исполнети со возбуда, страст и добра енергија.

Додека Сонцето се движи низ овој знак, повеќе планети ќе бидат во водените и чувствителни Риби, кои се управувани од Нептун. Тоа може да ве поттикне да направите големи промени, особено во периодот меѓу 5 април и 2 мај, кога љубовната Венера што ќе ви донесе романтична енергија и потреба да се зближите со другите луѓе.

Од 10 до 29 април, кога комуникативниот Меркур ќе минува низ Бик, кој е управуван од Венера, ќе почувствуваме топлина и емпатија во комуникацијата. Ќе се изразуваме на начин кој е нежен и ќе посакаме да бидеме практични и да ги слушнеме другите што имаат да ни кажат.

На 31 март кога ќе настапи младата Месечина во Овен, нашиот фокус ќе биде на целите кои сакаме да ги исполниме и начинот како да го постигнеме тоа. Ќе бидеме осврнати кон свесност за себеси, за она што го имаме и што посакуваме да го имаме.