УХМР: Наутро минусни температури, а максималната до 24 степени

|

Времето до крајот на денот ќе биде сончево, во текот на ноќта ведро со слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец.

Додека пак во текот на утрешниот ден ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 21 степен