СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Време за по кратки ракави, еве кога

|

Како што најавивме, и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе биде и се потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Зголемување на облачноста ќе има во недела и тоа особено попладне и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник кога ќе има повремени локални врнежи од дожд – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло, а повеќе облачност ќе има особено во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник кога ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 20 степени.