Александар Трајковски: Сакам и Португалија да не потцени како Италија

|

Александар Трајквоски откако слета во Скопје пред медиумите рече дека е среќен што синоќа дојдовме до победа.

„Искрено сум најповеќе среќен што дојдовме до оваа победа осебно за мене бидејќи дадов гол на терен на кој бев четири години. Да уживаме во овој момент, бидејќи не чека уште една утакмица, а здравје во вторник да го дадеме својот максимум и повторно да славиме“, рече Трајковски.

Тој додаде дека имаат доволно време сега за одмор, но и за подготовка.

„Имаме четири дена да се одмориме, да собереме сили и да отидеме во Португалија одморени. Да се подготвиме и на тактички план, имаме време… Јас повторно би рекол дека сакам и Португалија да не потцени“, додаде Трајковски.