Копа, сече дрва, ја врши најтешката физичка работа и сето тоа со насмевка на лицето. Можеби ова не ви изгледа чудно, но кога ќе слушнете дека бабата Иванка Кљајевиќ од Бишково во Црна Гора има 92 години, сигурно ќе останете без зборови.
За да покаже колку е витална, таа на дуел го предизвика новинарот Сеад Садиковиќ, кој за порталот Вијести направи репортажа за животот на оваа неверојатна баба. Брзите нозе, ведриот дух и силата на волјата покажаа како да се биде витален и во десеттата деценија од животот. А, Иванка е сигурно највиталната баба на Балканот, што е гордост за нејзината ќерка, трите сина, дванаесет внуци и три правнуци. Како што вели, со задоволство и помагаат, но се знае чија рака најдобро ја врши работата.
– Сите работат, сите го прават тоа за мене, но јас најдобро ја средувам работата. Дали тоа било пајажина, дали е прашина, нешто што можам да поправам, се можам – вели таа.
Нејзините очи блескаат кога ќе се спомнат нејзините внуки, шампионки во атлетика чии пехари, медали и плакети гордо ги чува и со задоволство ги покажува. Како што вели, нејзиното срце е најсреќно кога доаѓа лето, а семејството се собира.
– Ги образував децата. Знам да пишувам, но не знам кирилица или латиница. Знам математика во мојата глава, но не ја знам со молив – искрено речесо насмевка Иванка.
-Тоа беше малку трнлив живот, но фала богу, се живееше. Се сее жито, се чувале овци – тажно и гордо истакнува таа, додавајќи дека најдобро е да имаш вистински маж за дома, домаќин, кој знае да почитува жена, но и да преговара со неа, а таа го нашла сето тоа во нејзиниот сопруг.
– Понекогаш малку се разболувам, па соседите ми доаѓаат на помош. Се борам колку што можам.
Кога ќе ми помине одам да берам печурки. Една година земав 500 евра од печурките, но тоа беше пред десетина години – вели бабата.
Секоја година бере лисичарки, а додека не дојде летото за да оди по ридовите, се грижи за имотот и куќата со таква ведрина како уште да не влегла во петтата деценија од животот.
Погледнете го видеото од оваа невероојатна баба.