Според Фенг шуи – Зошто не треба да имате огледало во ходникот од вашиот дом

|

Според филозофијата која ја застапува фенг шуи, сите предмети во вашиот дом, од оние најкрупните до декорациите и ситниците, имаат сопствено енергетско поле кое може да биде позитивно и негативно.

Имено, некои од тие предмети се и повеќе од непосакувани во ваша близина во просторот во кој престојувате, затоа што со себе носат лоша и негативна енергија и можат да влијаат на здравствените проблеми.

Многу е важно каде ги ставате предметите во вашиот дом
Според оваа филозофија ходникот е круцијален затоа што тој се смета за енергетска „врата“, а поради тоа од исклучителна важност е кои предмети ги чувате во ходникот и како ќе ги поставите истите.

Во поголемиот дел од домаќинствата во самиот влез од домот е поставено огледало, што може да има кардинално лоши последици кога станува збор за струењето на добрата енергија низ вашиот дом.

Ќе ја направите најголемата грешка доколку огледалото го поставите на тој начин во него да се огледува влезната врата.

Според фенг шуи тоа може да значи:
1. Позитивната и добра енергија го напушта вашиот дом, по што можат да следат кавги и нетрпеливост во членовите од семејството.

2. Атмосферата во домот станува напната.

3. Привлекувате токсични и негативни луѓе.

4. Огледалото во ходникот може да влијае негативно и на вашите финансии.