|
СВР Тетово информира дека вчера (26.03.2022) во 23.30 часот во Полициската станица Гостивар, 36 годишната гостиварка С.Т. пријавила дека од нејзиниот дом во Гостивар нејзината сосетка А.А. на возраст од 27 години од Скопје го зела нејзиниот малолетен син и заминала во Скопје, наводно, да питачат.
Според пријавеното, таа и претходно во повеќе наврати го земала малолетникот за да питачат и го враќала назад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.