Постојат различни приказни кои опишуваат како да престанете да плачете додека сечете кромид, но овој трик навистина може да помогне во овој проблем, според Метро.
Споделен на ТикТок, овој трик бара само две работи – хартиена крпа и вода. Имено, киселината во кромидот најчесто ја привлекува изворот на вода, а на прво место најчесто се вашите солзни канали.
Се што треба да направите е да намокрите хартиена крпа, да ја свиткате и да ја ставите на даска за сечење. Така киселината наместо во очите ќе оди кај него.
Изгледа многу едноставно, но зад тоа стои наука. Кога сецкате кромид, ослободувате киселини и ензими кои стануваат хемикалија наречена син-пропанил-S-оксид. Кога оваа хемикалија ќе се подигне и ќе дојде во контакт со очите, мозокот испраќа сигнали до каналите на солза за да ја исфрли состојката што ја иритира.
Водата воопшто може да помогне да се реши овој проблем. Кога сечете кромид можете да користите влажна даска, да ставите вода под очите или да исечете кромид во вода.