|
Татко од Струмица вчера пријавил дека неговата 13-годишна ќерка избегала од дома, соопшти МВР.
„На 25.03.2022 во 01.40 часот во Полициската станица Струмица, Е.Д.(36) од Струмица пријавил дека од дома се оддалечила неговата ќерка З.Б.(13). Според пријавеното, тој се сомнева дека е со лицето „Ќ.Н“ од Струмица со кого била во љубовна врска“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.