Како што најавивме утре во Македонија ќе има нешто повеќе облачност, и особено во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд.
Потоа во вторник и среда ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди, додека од четврток па натаму се очекуваат нови повремени врнежи од дожд на повеќе места, тогаш ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до околу 23 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе има малку повеќе облачност, но ќе се задржи релативно суво време, слично стабилно и релативно суво ќе биде и во вторник и среда, додека од четврток па натаму ќе растат условите за повремен локален дожд, кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат пролетно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.