Жељко Јоксимовиќ: Не реагирав добро кога првпат ја слушнав Констракта

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачот кој неколку пати се натпреваруваше на Евровизија открива како песната „In Corpore Sano“ му станала омилена.

Жељко Јоксимовиќ сега првпат реагираше на песната што ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија во Торино.

„Според мене тоа е нешто сосема ново, нешто што има оправдувања. Тоа е изненадување за сите, тоа е повеќеслојна песна со грст пораки што ги носи. Не сум сигурен дека сите луѓе ги виделе сите тие пораки и ги протолкувале на вистински начин. Кога ја слушнав, не реагирав толку добро, но кога ја гледав и слушнав во исто време, тогаш комплетната слика ми беше појасна. Мислам дека ова е концепт кој многу лесно може да победи на Евровизија, без разлика што велат обложувалниците. Сигурен сум дека ќе биде на првите три места“, изјави Јоксимовиќ.

Да потсетиме, Жељко Јоксимовиќ двапати ја претставуваше Србија на ова европско натпреварување, но уште два пати компонираше песни за други изведувачи.

Имено, тој во 2004 година учествува на Евровизија со песната „Lane moje“ и постигна неверојатен пласман. Јоксимовиќ потоа го зазеде второто место, веднаш зад победничката песна „Wild Dancers“ во изведба на Руслана.

Две години подоцна ја компонираше песната „Лејла“ со која Хари Мата Хари отиде на Евровизија и ја претставуваше Босна и Херцеговина.

По победата на Марија Шерифовиќ во ова натпреварување, Евровизија се одржа во Белград во 2008 година. По тој повод Жељко ја водеше програмата, но ја компонираше и песната „Оро“ со која Јелена Томашевиќ учествуваше на натпреварот. Томашевиќ тогаш одлично се пласираше и го освои шестото место.

Пред точно десет години, Жељко уште еднаш отиде на Евровизија и пеејќи ја песната „Nije ljubav stvar“ се пласираше на третото место во финалето на натпреварот.