Полициските службеници во текот на вчерашниот ден продолжија со засилената акција во областа на сообраќајот, при што казнија 264 возачи.
Најмногу казни имаше за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 63 мерки за прекршоци што ги прават мотоциклистите, 36 санкции за возење под дејство на ал*о хол, 25 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник, девет санкции за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.