Пејачката Дара Бубамара денес е голема ѕвезда, а сега на социјалните мрежи се присети на своето детство.
Дара објави фотографија кога била девојче. Сите забележаа дека Дара воопшто не личи на себе, со оглед на тоа што има црна коса, а сега ја препознаваат по жолтата боја.
Фотографијата на Инстаграм ги разнежни сите кои ја следеа пејачката.
„Малата Дарица“, напиша Бубамара на својот Инстаграм со спомен од помладите денови.
Да потсетиме, Дара кариерата ја започна на само 12 години, подоцна беше во бенд па се прослави како соло пејачка, а уште тогаш беше забележана по својата енергија.
Во едно интервју, зборувајќи за почетоците на нејзината кариера, пејачката изјави дека во младоста не можела ни да замисли дека ќе добие популарност и дека ќе има многу пари.