Семјуел Л. Џексон доби почесен Оскар за животно дело во пресрет на церемонијата

ИЗВОРНов Лист
|

Американскиот актер Семјуел Џексон, еден од омилените актери на режисерот Квентин Тарантино,го доби почесниот Оскар за животно дело.

73-годишниот актер се прослави во филмовите како „Star Wars“, и многу други, а досега имаше само една номинација за Оскар.
Наградата на Американската академија за филмски уметности и науки му беше доделена во пресрет на 94-тото доделување во Лос Анџелес.

Оскарот на Џексон му го врачи Дензел Вашингтон, кој рече дека наградуваниот актер снимил повеќе од 150 филмови со вкупна заработка од 27 милијарди долари.