Неделен хороскоп 28.03.2022 до 02.04.2022

|

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Доколку барете работа, можете да очекувате конкретна понуда околу средината на неделата.

ЉУБОВ: Сите Овни кои барале промена на љубовното поле ќе ја доживеат таа промена оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителна глава и врат.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Доколку имате проблем на работа, послушајте го советот на некоја Девица или друг Бик. Тој совет многу ќе ви помогне.

ЉУБОВ: Иако би сакале малку повеќе возбуда во врската, оваа недела ќе пројдете без големи проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Можни се повреди, бидете внимателни.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Деловната промена ќе се случи кај лицата со униформи. Останатите ќе имаат вообичаена работна недела.

ЉУБОВ: Ќе ви недостасува возбуда во врската. Посмелите ќе стапат во тајна врска.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со респираторните органи.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Можете да очекувате значителна помош од соработниците со кои некогаш сте соработувале.

ЉУБОВ: Одлична недела за врска со лицата од воздушните знакови, Вагата има најголема предност.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на крвниот притисок.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Доколку сакате некоја промена на деловен план, ве советуваме да го послушате советот на еден Близнак.

ЉУБОВ: Одлично се согласувате со партнерот доколку тој е роден во знакот на Бик, останатите ќе имаат мали и слатки караници.

ЗДРАВЈЕ: Премногу се грижите за неважни работи.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Се грижите поради своите финансии. Имате чувство дека не можете да составите крај со крај и не сте далеку од вистината.

ЉУБОВ: Сакате да го пронајдете своето мирно пристаниште и скривалиште. Мали се шансите дека тоа ќе се случи оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Зголемен стрес на крајот од неделата.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Морате да работите со Овен иако тој за вас е тешок соработник. Проектот ќе мора да биде финиширан без оглед дали тоа ви се допаѓа.

ЉУБОВ: Весели сте и секогаш сте подготвени за добар помин. Поради својата позитива енергија сите пријатели и саканото лице ќе бидат покрај вас.

ЗДРАВЈЕ: Зголемен крвен притисок.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Одлична енергија оваа недела. Поради тоа можете да очекувате значителен напредок на деловен план.

ЉУБОВ: Незадоволство во врската, можна е и разделба.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со зглобовите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Не се надевајте дека ќе можете да се извлечете од нередот за кој самите сте виновни. Колегите ќе ве забележат дека камуфлирате нешто.

ЉУБОВ: Доколку сте во врска со Вага, Бик или Шкорпија можете да очекувате некој важен чекор или случување.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Ова е многу важна недела за сите Јарци. Ќе доживеете големи деловни промени.

ЉУБОВ: Можно е дека ќе морате да се изборите за љубовта на една личност. Бидете трпеливи, не се откажувајте.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза, напнатост и стрес.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ќе имате одлични идеи и предлози. Другите ќе ве сметаат за иноватор и ќе ви бараат совет за речиси се.

ЉУБОВ: Одлично се чувствувате во друштво на пријателите. Ќе сакате слободното време да го поминете со семејството, но сепак ви недостасува и љубов.

ЗДРАВЈЕ: Направете комплетен систематски преглед.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Можно е дека оваа недела ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака. Посоветувајте се со личност родена во знакот на Девица.

ЉУБОВ: Не сте сигурни во љубовта на партнерот, а ќе ја проверувате постојано, но внимавајте тоа може да му здосади на партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со очите.