Кристина Димитријевска првпат проговори за непријатноста со Даниел Кајмакоски

|

Ретко кој знае дека Кристина Димитријевска од татко ѝ ја наследила и насмевкат, а потоа па му ја пренела и на својот син Давид, кого го има од бракот со пејачот Даниел Кајмакоски. Давид ѝ е сè, а за поранешниот маж, со кого го има синот, не сака да зборува многу. Вели дека и денес се чуди што лани летото Даниел ја обвини дека пробала да го отр уе со кафе.

„Досега не сум зборувала за ова јавно. Тоа беше само една лажна манипулација што ја решив преку надлежните органи. Луѓето што сакаат да изманипулираат и наштетат, само на себе можат да си наштетат“, вели Кристина.

Покрај тоа што манекенството ѝ е прва љубов, таа пред неколку месеци стана пејачка. Сега скоро секој викенд пее во клубовите низ Македонија, а на настапите секогаш е заедно со диџеј Боно, кого го запознала пред четири месеци. Тие заедно работат и на нивната прва песна.

„Иако се знаеме толку кратко, имам чувство дека се познаваме со години. Поради таа близина, која се гледа и на сликите, најверојатно се појавија муабетите дека сме во љубовна врска“, признава Кристина.