Кората од портокал никогаш повеќе нема да ја фрлате – еве на кој начин може да ја искористите

|

Дали сте знаеле дека кората од портокал може да биде корисна за чистење на станот.

На социјалната мрежа Инстаграм кружи снимка која сигурно ќе ви биде од корист, а се работи за средство за чистење, чија главна состојка е кората од портокал.

Всушност, потребно е кората од портокал, мандарина или друг цитрус, да ја ставите во празна прскалка, додадете вода, оцет и по желба рузмарин.

Со комбинација на овие состојки ќе добиете повеќенаменски спреј кој може да го користите кога сакате.