|
Спектаклот кој го приреди Марија Шерифовиќ дојде да го види и колешката Цеца. На концертот дојде со сестра и Лидија, а насмевката не ја симнуваше од лице.
Облечена во фармерки, бела маичка и црвена кожена јакна едноставно блескаше.
Шерифовиќ неодамна откри дека од овие концерти верувале или не речиси и да нема профит, а ова што го прави е од љубов кон публиката.
„Заработка немало ни порано, а нема ниту сега“ – рече таа и откри дали наскоро ќе замине во Америка, како и дали ќе ја поддржи Констракта во Италија.