Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло, во западните и во југозападните предели со мала до умерена облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Според Попоски утре ќе има нешто повеќе облачност и особено во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд, додека во вторник и среда времето ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди.
Нови повремени врнежи од дожд на повеќе места се очекуваат од четврток па натаму кога ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Што се однесува до температурите тие и понатаму ќе бидат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 23 степени.