|
Државниот завод за статистика денеска ги објави официјалните резултати од Пописот на земјава што се спроведе во земјава минатата година.
Како што објави директорот на ДЗС, Апостол Симовски во земјава вкпуно биле попишани 2.097.319 лица.
Од нив вкупното резидентно население изнесува 1.836.713 милиони, додека пак 260.606 лица се нерезидентно население.
Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.