Комисијата за заразни болести предложи да се укине уште една заштитна мерка

|

Во текот на вчерашниот ден, Владата одлучи да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и да дозволи учениците од основно училиште да одат на часови без маски.

Комисијата денеска одржа нова седница каде што се одлучи да предложи до Владата и до Главниот кризен штаб и учениците во средните школи да не носат маска по примерот на основците, потврдуваат за Слободен печат извори од Комисијата.

Оваа одлука доаѓа во пресрет на пролетните денови и зголемените температури, а основа за него е и стабилната епиде*иолошка состојба која со недели владее во државата.

Состанокот на комисијата уште трае и не е исклучено и други рестриктивни мерки да бидат отстранети.