Државниот завод за статистика денеска ги објави официјалните резултати од Пописот на земјава што се спроведе во земјава минатата година.
Директорот на Државниот Завод за статистика, Апостол Симовски денеска на прес конференција посочи дека во Македонија најмала општина е Зрновци, додека пак најголемата е Куманово.
Како што објави Симовски во земјава вкпуно биле попишани 2.097.319 лица.
Од нив вкупното резидентно население изнесува 1.836.713 милиони, додека пак 260.606 лица се нерезидентно население.
Податоците што денеска беа објавени покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.