Пописот покажа: Колку лица со над 100 години има во Македонија и дали има повеќе православни или муслимани

|

Просечната возраст на населението во Македонија изнесува 40,08 години, а најголем процент од населението, 7% се во возрасната група од 40-44 години, покажуваат податоците од пописот, има 51 лице со над 100 години.

Густината на населеност во земјава изнесува 72,2 лица на км2, а регистрирани се 207 празни населени места.

Најмала според бројот на жители е општината Зрновци со 2.086 жители, а најголема е општината Куманово со 98.104 жители.

Бројот на домаќинства изнесува 598 632 , а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06 лица.

Бројот на странци времено присутни во Македонија помалку од 12 месеци, како дел од Вкупното нерезидентно население, изнесува 1.674 лица.

Од вкупното резидентно население, 1.836.713, најголем дел се Православни христијани според религиското убедување.

Податоците на Државната статистика покажуваат дека 46,14% се Православни, 32,17% се Муслимани, 0,37% се Католици, 13,21% се изјасниле како Христијани, а 0,07% како Протестанти.