Селин Дион исчезна од очите на јавноста, што се случува?

ИЗВОРНов Лист
|

Селин Дион исчезна од очите на јавноста. Поточно, од октомври 2021 година пејачката не реагирала, а медиумите во неколку наврати се обидувале да добијат информации за ѕвездата, но малку успеале да дознаат.

Селин Дион, која денеска го слави својот 54-ти роденден, беше принудена да ја откаже турнејата поради неподносливи, долготрајни и болни грчеви во мускулите, а таа излезе со соопштение во кое вели дека нејзиното опоравување пред да се врати на сцената ќе трае подолго отколку што очекувала. Медиумите пишуваат дека Селин повеќе не може да стане од кревет поради парализирачки болки во стапалата и нозете.

Таа многу ослабе, што и отежнува да се грижи за 11-годишните близнаци Еди и Нелсон. Наводно, Селин размислува целосно да се повлече од сцената, можеби на една година.

Од октомври, кога ги откажа настапите, Селин објавува само извадоци од видео клипови од нејзини стари видеа.

Нејзиното последно обраќање до публиката беше на крајот на 2021 година, кога рече:

„Навистина се надевав дека ќе можам да го одржам настапот, но претпоставувам дека само треба да бидам трпелива и да го следам режимот што ми го препишаа лекарите. Ќе ми биде драго да се вратам полна со здравје.“