|
Многу продавници во Германија се соочуваат со недостиг на масло, а некои угостители го исфрлаат и помфритот од менито.
Со оглед на тоа што Украина е производител на сончогледово масло и масло од репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфрит.
Првите угостители, како Фреди Балер од Дармштат, го отстраниле помфритот од менито.
„Се соочуваме со недостиг на масло за јадење, но и сончогледовото масло стана многу скапо“, изјавил Фреди за дневниот весник „Билд“.
Балер во јануари плаќал 90 центи за литар масло од репка, а денес чини и до четири евра за литар.
Тоа, вели, е прескапо, а неминовно би било драстично да се покачи помфритот, што би одвратило многу гости.