Курсна листa: Еве колку чини еврото денес?

|

Еврото денеска изнесува 61,6950 денари, според средната курсна листа на Народна банка. Американскиот долар е 55,4512 денари, а британската фунта изнесува 72,9600 денари.

Врз основа на соопштението од Европската централна банка дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековниот обем на тргување и во согласност со Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија, Народната банка известува дека нема да формира и да објавува среден курс на денарот во однос на руската рубља почнувајќи од 2 март 2022 година, сѐ до натамошно известување од Европската централна банка.

Последната објава на референтниот курс на руската рубља во однос на еврото од страна на Европската централна банка е на 1 март 2022 година и соодветно на тоа, последната важечка објава на средниот курс на денарот во однос на руската рубља од страна на Народната банка на Република Северна Македонија е на 1 март 2022 година за Курсната листа која важи за 2 март 2022 година.