|
Поради зголемениот број новозаразени во Грција, комисијата на епидемиолози при министерството за здравство предложила да нема никакво олабавување на мерките до први мај, објавија грчките медиуми.
Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, како и задолжителни тестови за неимунизираните.
Иако министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатата седмица најавуваше можно олабавување на мерките од средината на април, но и потенцираше дека сè ќе зависи од епидеми*лошката слика, сепак зголемениот број нови случаи се чини дека не дозволува укинување на рестрикциите.