Џон Траволта испрати зборови на поддршка до својот колега и пријател Брус Вилис откако беше објавено дека боледува од афазија.
„Брус и јас станавме добри пријатели на снимањето на нашите два хит филма – „Pulp Fiction“ и „Look Who’s Talking.“. Години подоцна ми рече: „Џон, сакам да знаеш дека кога ќе ти се случи нешто добро, се чувствувам како истото да ми се случува и мене“. Ете колку е дарежлив.Те сакам, Брус“, напиша Траволта покрај нивните заеднички фотографии.
Последниот филм што тие двајца го направија заедно беше „Paradise City“. На тоа работеле во мај минатата година, јавуваат странските медиуми.
“Брус беше многу возбуден што повторно ќе работи со Џон. За него тоа беше враќање на старите добри времиња. Се погриживме да му олесниме и сè помина добро”, изјави режисерот Чак Расел.