Ѕвездата на Матрикс, кој никогаш досега не бил во брак, можеби е подготвен да ја запроси својата девојка со која е повеќе од четири години, уметничката Александра Грант (48), пренесува Дејли Мејл.
Тој е фотографиран во делот од продавницата каде се продаваат дијамантски прстени, па многумина мислат дека сигурно ќе купи веренички прстен за неговата долгогодишна девојка.
Да потсетиме, Кијану и Александра првпат се појавија на црвениот тепих во ноември 2019 година, а парот се запозна во 2011 година кога Александра му помогна со визуелните слики за неговата прва книга.
Тие повторно соработуваа во 2015 година, а според изворите, на актерот најмногу му се допаднало што таа лесно ја видела неговата душа.
Во 2017 година, кога магазинот Esquire ја праша ѕвездата дали е подготвен да основа семејство, актерот одговори: „Доцна е за тоа. Сè е направено. Имам 52 години. Освен тоа, не сакам повеќе деца“.
Сепак, благодарение на Александра Грант, неговото мислење набрзо се смени. И иако не се знае со сигурност кога точно парот почнал да се забавува, едно е сигурно – Александра се покажа како вистинска жена за Кијану Ривс.
Кијану и Александра се запознале на забава во 2009 година, но долго време имале исклучиво деловен однос. Тие официјално станаа пар во ноември 2019 година, појавувајќи се заедно на црвениот тепих.
Присутните беа изненадени кога го видоа со жена како Александра, која не ги исполни очекувањата на јавноста да стане партнер на филмската ѕвезда. И самата Александра беше свесна за впечатокот што го остави кај другите.