Аца Лукас синоќа одржа концерт во Шабац.
Публиката ја воодушеви со старите хитови, но и со новата песна „Оскар“ со која се натпреваруваше, а пред да ја отпее ја спомена Ана Ѓуриќ, Констракта:
– „Umetnica mora biti zdrava, ali umetnik ne“ – рече Аца и ја испеа својата песна.
Да потсетиме, Лукас по учеството на Евровизија поднесе тужба против Драган Бујошевиќ, главниот уредник на РТС, Оливера Ковачевиќ, уредничката на забавната програма и уште петмина членови на жирито поради тврдењето дека натпреварот бил наместен.