Подобар ручек не сте пробале: Телешки стек со лимон и печурки

|

Доколку немате идеја за ручек, ви предлагаме сочни телешки шницли лимон и печурки

Состојки: 600 гр телешки стек, 200 гр печурки, малку магдонос, лимон, две лажици брашно, масло за пржење, сол и бибер.

Подготовка: Посолете и забиберете на телешкиот стек, па извалкајте го во брашно. Пржете на загреано масло додека не порумени од двете страни.

Оставете го месото на страна. Во истото масло пропржете ги и печурките кои претходно сте ги исчистиле и исечкале на листови. Извадете ги печурките и оставете ги на страна со месото.

Истурете го виното во тавата со масло и крчкајте на тивок оган. Промешајте две лажици брашно со ладна вода и додадете ги на виното.

Во огноотпорен сад наредете ги месото и печурките, прелијте ги со винскиот сос, а одозгора наредете ги кришките лимон. Печете десет минути на 200 степени. Послужете топло со прилог по ваш избор.

Пријатно јадење!