Moментална состојба на нестабилноста над Македонија (ФОТО)

|

УХМР ја прикажува мoментална состојба на нестабилноста над Македонија.

Јасно се набљудува линија на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со правец на движење кон североисток и исток, информираат од УХМР.

Силен ветер попладнево уништи два бора во кавадаречкото село Марена, кои го блокираа патот Кавадарци – Неготино.

Претседателот на месната заедница, Митко Камчев за МИА рече дека среќа во несреќа е, што нема пов редени луѓе и оштетени возила.

– Патот беше блокиран околу петнаесет минути. Со заеднички напори на месната заедница и локалната самоуправа Кавадарци, го надминавме проблемот и сè уште се работи на расчистување на остатоците од дрвјата на патот, појасни Камчев.