Астро календар за април: Ваквото спојување на планетите се случува еднаш во животен век

|

Во април нè очекуваат два големи астролошки настани. Тие вклучуваат усогласување на Јупитер и Нептун во Риби, како и затемнување на Сонцето за време на новата Месечина во Бик. Јупитер и Нептун ќе ја задржат оваа позиција со месеци, но во идеалната позиција ќе бидат на 12 април. Овој период е одличен за нови идеи, препуштете се на мислите и работете на остварување на вашите соништа додека универзумот ви го чува грбот.

Првото затемнување е делумно затемнување на Сонцето на 30 април во знакот на Бик. Енергијата на спојувањето на Јупитер и Нептун ќе ја чувствуваме во текот на целиот месец, а тоа е феномен кој се случува еднаш во животот!

Ваквите денови ќе се повторат дури во 2188 година, а ни помагаат да го подигнеме нивото на свест, чувство, љубов, исцелување…

Погледнете го астро календарот за април:

1 април: Млада месечина и средба на Сонцето и Хирон – носи олеснување, особено ако сте во процес на опоравување, а раните ќе ви се залечат.

4 април: Првиот среќен ден во април е денот кога моќта владее преку 4-4. На 4 април со светот ќе владее бројот 4, кој ја отелотворува хармонијата на четирите елементи, интегритет, спокојство. Понеделник е, па ќе ни помогне правилно да ја започнеме новата недела. Држете се до вашите планови за овој ден, тие можат да се остварат.

4-6 април: Спојот на Марс и Сатурн во Водолија – ја изнесува вистината на виделина, акција, брзина и момент за преземање одговорност и соочување со некои работи еднаш засекогаш!

12 април: Спој на Јупитер и Нептун во Риби: овој духовен космички сојуз има потенцијал да ги осветли сите знаци на Зодијакот и да донесе среќа, но само внимавајте да не ве занесат лажни илузии.

14 април: Спој на Сонцето и Ерида во Овен – останете на земјата, не правете нешто што не ви се допаѓа, овие денови нè челичат.

16 април: Полна месечина во Вага – ни дава поддршка и не ослободува од туѓата контрола.

19 април: Започнува владеење на Биковите, ќе се грижиме за себе и стануваме вистински хедонисти.

28 април: Спој на Венера и Нептун во Риби – среќа во љубовта, романса, позитивна енергија.

29 април: Ретрограден Плутон – време е да ги завршите обврските.

30 април: Млада Месечина во Бик, затемнувањето на Сонцето – нови можности, нови врати, нови прилики…