Во неколку наврати овој период Тетово повторно имаше проблеми со водоснабдувањето. Во Центарот за јавно здравје добиле дојава дека еден од изворите со кои градот се снабдува со вода се пренасочува, но од Јавното комуналното претријатие одговорија дека немаат информации за тоа. Од таму велат дека се зголемува потрошувачка на вода за пиење.
Мора да имаат резерви вода во шишиња и буриња, зашто не знаат кога ќе снема во чешмите. А вода треба буквално за се, за подготовка на оброци, за основните хигиенски потреби. Вака живеат жителите на населбите кои се наоѓаат во горниот дел на Тетово.
Недостигот на вода во градот е дамнешен проблем. Доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје вели дека проблемот овој период од годината се јавува поради намалена издашност на изворите. Добиле и дојава дека еден од изворите се пренасочува кон Мала Речица и на терен ќе излезат со подобрување на временските прилики,
Потврда за оваа информација од Јавното комунално претпријатие нема. Одтаму велат дека недостигот на вода во овој период е поради тоа што граѓаните повеќе ја користат.
За Тетово особено критичен е летниот период, кога има зголемена потрошувачка на вода, кога и исселениците се враќаат во родниот град.
Од ЈКП велат дека ќе има вода, ако истата рационално се користи.
Данијела Билбилоска