Во последниот месец во Зоолошката градина во Скопје се родија многу бебиња.
Денес Зоолошката градина на својот официјален Фејсбук профил ја објавија убава вест дека пред една недела се родило првото бебе од видот двогрба камила (Бактријан).
“За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела.
Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе„ стои во соопштението.