Српските граѓани со автобуси од цела Македонија гласаат во амбасадата во Скопје

ИЗВОРТелма
|

Граѓани на Република Србија кои се пријавиле да гласаат за претседателските и парламентарните избори во Србија, денеска организирано од цела Македонија дојдоа во Скопје за да го остварат своето гласачко право.

Оваа година освен во српската амбасада во Скопје, за прв пат се гласа и во Куманово.

Од избирачкиот одбор изјавија дека имало околу 900 граѓани кои се пријавиле за гласањето, од кои 637 ќе гласаат во Скопје.

„ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА КОИ СЕ ПРИЈАВИЈА ЗА ГЛАСАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО БРОЈ 49 ВО СТРАНСТВО ВО СКОПЈЕ ИМА ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК 637. ДО СЕГА ИЗЛЕГОА ДО 13 ЧАСОТ 36,4 ОТСТО ОД ВКУПНИОТ БРОЈ НА ЗАПИШАНИ НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК. ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО БРОЈ 49 Е ОТВОРЕНО УТРОВО ВО 7 ЧАСОТ И СИТЕ ДРЖАВЈАНИ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА КОИ СЕ ПРИЈАВИЈА ЗА ГЛАСАЊЕ НА ОВА ИЗБИРАЧКО МЕСТО ЌЕ МОЖАТ СВОЕТО ПРАВО ДА ГО ОСТВАРАТ ДО 20 ЧАСОТ ДО КОГА ЌЕ БИДЕ И ОТВОРЕНО ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО БРОЈ 49 ВО СТРАНСТВО“, ИЗЈАВИ АЛЕКСАНДРА ЃУРИЦА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР.