Се рушат рекорди: За само 6 часа полицијата казни 913 возачи за брзо возење

|

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 913 возачи.

Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта