СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Пак пороен дожд и грмежи

|

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено попладне и навечер од запад и од југозапад ќе се прошират врнежи од дожд и снег на планините.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне и навечер ќе има услови за послаби врнежи од дожд, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Утре, Според Попоски, и тоа особено претпладне сеуште ќе има повремен локален дожд и снег на планините, додека во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето.

Повторно појава на локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток, кога ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Нова стабилизација на времето се очекува од петок. Што се однесува до температурите, тие особено од среда ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, додека во најтоплите предели истите ќе има услови да се искачат до околу 25 степени, и тоа особено од петок.